(ВИДЕО) Џафери: ЕУ и НАТО ќе не оценуваат според начинот на кој ќе се спроведат изборите

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери кој попладнево ги потпиша решенијата за распишување на претседателските избори, како и на предвремените избори за градоначалници во три општини, апелираше изборите да поминат во мирна и демократска атмосфера.

„Предмалку ги потпишав решенијата за распишување на 6-те претседателски избори и за предвремени избори за градоначалник во Охрид, Ново село и во Дебар. Ова го направив согласно закоскаа обврска. Изборите ќе се одржат на 21 април. Решенијата ќе бидат доставени до ДИК, како орган за спроведување на изборите. Денеска ги избравме и новите челенови на Антикорупциската комисија, со што ги заокруживме сите предуслови за спроведување на изборите“, рече Џафери.

Според него, во периодот кој следи Македонија ќе го полага текстот на зрелост.

„Фер и демократски избори се критерумите по кои ќе не оценуваат за напредокот кон ЕУ. Затоа ги повикувам сите чинители да направиме максимални заложби да организираме избори како што и доликуваат на една европска држава за доброто на граѓаните. Апелирам до сите ученици ва изборниот процес да се однесуваат согласно Уставот и денот на изборите да помине во демократска и свечена атмосфера“, рече Џафери.

Според него, граѓаните ќе одлучат кој ќе биде шестиот претседател на Република Македонија.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба