СДСМ: За ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски членството во НАТО било капитулација

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успехот на Македонија и потпишувањето на Протоколот за пристапување во НАТО. Затоа шири лаги.

Антинародното ВМРО-ДПМНЕ е крајно лицемерно.

Пред само неколку денови опозициската партија го поздрави потпишувањето на Протоколот, а денеска шири невистини, насочени против Договорот од Преспа еден од условите за влез во НАТО и продолжување на интеграцијата во ЕУ.

До таму отиде криминалното ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот Христијан Мицкоски што членството во НАТО и напредокот во ЕУ го прогласија за капитулација.

Членството во НАТО ја обезбедува иднина, стабилност и сигурност за граѓаните, за децата и следните генерации.

Членството во НАТО носи безбедност но и инвестиции, поголеми плати, повеќе пари, нови и подобро платени работни места.

Што се однесува до невистините на ВМРО-ДПМНЕ, употребата на новото име Република Северна Македонија согласно Уставните измени и Договорот од Преспа стапува на сила по усвојување на Протоколот за пристапување во НАТО од страна на парламентот во Грција.

По години изолација, уназадување и поделби, Македонија конечно тргна напред, сврте нова страница на развој, напредок и интеграција. Тој историски успех на нашата татковина е најголемиот пораз за антизападниот Мицкоски“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот едвај преживува, Владата нема одговор на растот на цените

Горан Наумовски

Петровска: Моето учество во Разговорите за Македонија не е против СДСМ

За СДСМ и гласањето по пошта е можност за кражба, за Левица дијаспората е „промашена тема“

(ВИДЕО) Изборната реформа заглавена во политички ровови: Мицкоски повикува на повлекување на амандманите, СДСМ и Левица не отстапуваат

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула