(ВИДЕО) Јаревски: Криминалот станува пракса во Скопје

Од:

„Криминалот станува пракса во Скопје, граѓаните не се чувствуваат повеќе безбедни, не поминува месец без запален автомобил, граѓаните се оштетени, а МВР не е способна да го одржи јавниот ред и мир.

Веќе изразивме сомнеж дека криминалците се во коалиција и имаат поддршка од власта, а со синоќешниот инцидент станува очигледно дека преку насилство и инциденти власта се обидува да испрати порака на заплашување“, рече Тони Јаревски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош.

„Вчера вечер е запален автомобилот на претседателот на месниот комитет Владо Тасевски. ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати реагира на безбедноста во Карпош и во Скопје. Изборниот процес не е ни започнат, а видете што се случува.

Во повеќе наврати опоменувавме дека криминалот во Карпош е во подем. Минатата година во само 3 квартала имаше 750 извршени кривични дела, провални кражби, грабежи и разбојништва, а расветлени од непознат сторител 0, ниту едно, нашите сограѓани веќе се несигурни и на улица и дома.

Зошто Карпош е оставен на милост и не милост од страна на државата и МВР?

Бараме итно расветлување на овој случај, бидејќи во спротивно само ќе се потврдат нашите сомнежи дека се работи за политички мотивиран случај во организација на власта“, изјави Тони Јаревски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче