Почна расправата во грчкиот Парламент за ратификација на Протоколот за членство во НАТО

Од:

Со задоцнување од 40 минути, започна расправата на пленарна седница во грчкиот Парламент за нацрт-законот од Министерството за надворешни работи „Ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија“, јави дописничката на МИА од Атина.

Збор ќе земат известувачите за нацрт-договорот, министри од владата, пратеници, а ќе заврши со гласање на сите пратеници.

За да се изгласа Протоколот за наше членство во НАТО, потребен е минимум 151 глас, а очекувањата во Грција се дека пратениците кои ја поддржаа ратификацијата на самиот договор, денес ќе го поддржат и Протоколот.

Следните чекори по ратификацијата на Протоколот во грчкиот Парламент ги објасни алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, на брифингот со странските дописници во Атина, одговарајќи на прашањето кога новинарите во нивните текстови и официјално ќе треба да почнат да го користат новото име Северна Македонија.

„По гласањето на Протоколот, праќаме Вербална нота до Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, а тие веднаш, можеби истиот ден, може следниот ги известуваат ОН и сите земји што ги имаат признато со претходното уставното име, дека новото уставно име е Северна Македонија. Во прашање се денови“, рече Катругалос.

Би можело да ве интересира

Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Приведен возач од Крива Паланка, управувал возило со брзина од 142 км на час на место каде е дозволено 70 км на час

СДСМ: Не вреди извинувањето на Љутков, Владата намерно ги понижува културните работници

Предраг Петровиќ

Меџити: „Влен“ станува партија од наредната недела, Таравари се самоисклучи од коалицијата

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот