Американскиот претседател, Доналд Трамп во своето обраќање на Молитвениот појадок во Вашингтон нагласи дека „Америка денес е земја која верува во искупување”.
Трамп се заблагодари на верските лидери за поддршката на „реформата на криминалниот систем“, што, како што рече, ја спроведува неговата Администрација.
„Американскиот народ верува во искупување“, истакна Трамп.
Тој додаде дека секогаш ќе ги штити верниците и дека „нема да ги изневери“.
Доналд Трамп е 12-от претседател на САД кој го организра Молитвениот појадок, почнувајќи од Двајт Азенхауер.
Тоа е традиционален настан што се организира секоја година и на него присуствуваат членови на претседателскиот Кабинет и Конгресот, како и многубројни гости од странство.
Молитвениот појадок се одржува првиот четврток од февруари секоја година во Вашингтон, а вообичаено присуствуваат околу 3.500 гости.