Протоколот за членство во НАТО денеска пред комисијата за надворешни работи во грчкиот Парламент

Од:

Комисијата за национална одбрана и надворешни работи на грчкиот Парламент, денеска во 13 часот по локално време ќе го разгледа нацрт законот за „Ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија“, јави дописничката на МИА од Атина.

Известувачи за нацрт законот се пратеникот од СИРИЗА и поранешен министер за цивилна заштита, Никос Тоскас и пратеникот од Нова демократија, одговорен за надворешна политика, Јоргос Кумуцакос.

Се очекува комисијата да одржи една седница, а утре законот да биде донесен на пленарна расправа во грчкиот Парламент, што ќе заврши со гласање од пратениците.

Нацрт законот од Министерството за надворешни работи на Грција, под наслов „Ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија“, вчера беше доставен во грчкиот Парламент. Потпишан е од алтернативниот министер за надворешни работи, Јоргос Катругалос, од министерот за одбрана, Евангелос Апостолакис и од министерот за финансии, Евклисдис Цакалотос, а содржи три членови.

Во првите два члена се објаснети следните чекори по ратификацијата на Протоколот, а третиот се однесува на тоа дека Протоколот ќе биде доставен до архивата на американската администрација.

Во пресрет на ратификацијата на Протоколот, преку неговиот официјален Твитер профил се огласи лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, кој тврди дека потребно е ратификацијата да биде со зголемено мнозинство од 180 наместо 151 пратеник, и поставува прашање „дали Нова демократија ќе поддржи предлог за противуставност?“.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски