(ВИДЕО) Силјановска: Не треба да се прават компромиси на штета на правото

Од:

Професорката Гордана Силјановска како еден од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори ги започна средбите со делегатите од кои ќе ја бара поддршката пред претстојната конвенција која ќе се одржи во Струга. Силјановска не сакаше да одговори дали ќе го смени ставот за договорот од Преспа кој го спореше бидејќи бил спротивен на задолжителните норми на меѓународното прави и Законот за употреба на јазиците за кој велеше дека е противуставен и го урива Охридскиот рамковен договор, доколку стане претседателка.

„Кога се работи за ставовите, мора да бидеме свесни дека јас сум професор по уставно право. Јас сум Jанус со две лица, едното е научното и таму не отстапувам од ставови. Јас кога критикувам тргнувам од професијата. Се разбира дека политиката бара повеќе реалност, но мислам дека понекогаш не треба да се прават компромисите на штета на владеењето на правото“, рече Силјановска.

Силјановска смета дека нејзините противкандидати се луѓе кои придонеле за партијата, а за нејзе вели дека поседува искуство, знаење и независност.

„Ќе треба да ги убедам делегатите дека не е погрешно да се појави и натпартиски кандидат во време кога не е потребно само помирување, туку и обединување. Во моментов ВМРО-ДПМНЕ покажа отвореност, бидејќи еве и јас имам шанса да се натпреварувам со луѓе кои во главно се партиски. Секоја чест за противкандидатите. Тоа се луѓе кои многу придонеле за партијата, луѓе кои се вградиле себе во партијата, се разбира тоа е вредност која треба да се почитува. Јас имам некои други вредности како искуство, знаење, независност“, вели Силјановска.

Професорката Силјановска засега нема да ја открие програмата со која ќе ја бара довербата од делегатите, но тврди дека нема да се базира само на статусот и надлежностите на претседателот.

„Мислам дека е рано да ја откривам мојата програма. Таа ќе се базира на нешта што досега ги немало. На нешта што не се однесуваат само на статусот и надлежностите на претседателот, туку и на поделбата на власта која е страшно нарушена. Без поделба на власт нема демократија, нема спреги и кочници, ниту правна држава. Тоа е она што заслужува внимание. Во рамки на поделбата на власта, особено во двоглавата извршна власт го нема претседателот. Тој е целосно суспендиран во одлучувањето, дури и во надлежности кои се однесуваат само за него во меѓународната политика“, вели Силјановска и додаде „Ова е критика за оние кои ја имаат власта, бидејќи во моментов извршната власт, односно Владата е онаа која ја концентрирала таа власт“.

По средбата со делегатите на ВМРО-ДПМНЕ од Ѓорче Петров, Силјановска ќе оди во општинските комитети во Бутел и Гази Баба.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски