Туск: „Специјално место во пеколот“ за оние кои инсистираат за брегзит без соодветен план

Од:

Тие кои инсистираат за Брегзит без соодветен план заслужуваат „специјално место во пеколот“. Се прашувам какво посебно место е определено во пеколот за тие кои немаат ниту план како да го постигнат брегзит, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на прес-конференција по состанокот со премиерот на Ирска, Лео Варадкар.

Туск посочи дека Европската унија нема да даде нов предлог за Брегзит. Тој повтори дека договорот за излез на Обединетото Кралство од Унијата не е предмет на натамошни преговори.

Претседателот на Европскиот совет, исто така, рече дека ирската граница е главен приоритет и појасни дека нема да има краен рок за механизмот на претпазливост.

„Се надевам дека ќе слушнам реални предлози од британската премиерка Тереза Мај за тоа како да се стави крај на безизлезот“, истакна Туск.

Утре во Брисел, Меј ќе се сретне со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Според Туск, најважната задача е да се спречи сценарио на Брегзит без договор. Но, тој посочи дека ЕУ се подготвува за „најверојатно фијаско“, што може да се случи ако Велика Британија излезе без договор.

„Силно верувам дека се уште е можно да се најде заедничко решение“, додаде Туск.

Тој смета дека сите во Европа сакаат Велика Британија да ја смени својата позиција. Туск исто така се надева дека Лондон ќе остане во ЕУ, но, како што вели, денес нема политичка моќ и нема ефективно лидерство Велика Британија да остане во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Полскиот премиер се сретна со Вучиќ: Европската Унија не е целосна без Србија

Туск предупреди дека иднината на демократијата во ЕУ зависи од одговорот на миграцијата

Горан Наумовски

Полска привремено ќе го суспендира правото на азил

A1on

Полска го усвои нацрт-буџетот за 2025 година, планираната рекордна распределба за одбраната

Партијата на Доналд Туск освои најмногу гласови на изборите за ЕП во Полска

Орбан доби неочекуван сојузник, заедно се спротивставија на клучниот пакт на ЕУ