Директорот на Агенцијата која ќе го надгледува спроведувањето на Законот за употреба на јазиците ќе биде избран на јавен оглас.
Владиниот портпарол, Муамет Хоџа на денешната редовна прес-конференција изјави дека на вчерашната владина седница се разговарало околу именувањето на директор на Агенцијата и оти заедничка констатација е дека тој треба да се избере на јавен оглас.
„Формирањето на Агенцијата произлегува од Законот за употреба на јазиците. На вчерашната седница на Владата се дискутираше околу именувањето на директорот на Агенцијата и заедника констатација е директорот да се избере преку јавен оглас, а Генералниот секретаријат се обврзува во однос на објавувањето на огласот“, рече Хоџа.