СДСМ: Денеска Македонија го добива своето место во НАТО, се остварува децениски државен и национален интерес

Од:

Македонија денеска го добива своето место во НАТО, седнуваме на своето столче, на масата во НАТО-Алијансата, велат од СДСМ преку соопштение.

„Земјите членки на НАТО денеска го потпишуваат Протоколот за пристапување на Македонија во најмоќниот безбедносен сојуз во светот.

Историски чин и историски успех за нашата земја и сите наши граѓани. По години изолација, уназадување и неизвесност, Македонија седнува на иста маса со државите од демократскиот свет.

Влегувањето на Македонија во НАТО значи гарантирана безбедност и стабилност, сигурност на нашите граници но носи и значителни економски придобивки за граѓаните, пораст на инвестициите, повеќе пари, зголемен економски раст“, се додава во соопштението.

Потпишувањето на Протоколот, велат од СДСМ, е признание за напредокот во реформскиот процес, визионерството, решителноста, успехот во меѓународната политика, решавањето на отворените прашања и градењето пријателства со соседите и целиот демократскиот свет од страна на Владата предводена од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: Од милионски криминали до обвинение со максимум пет години – ДПМНЕ ја спушти “големата правда” за Груби и ДУИ на ниво на резил

Предраг Петровиќ

Две лица од Битола и Прилеп се уапсени поради предизвикување пожари

Шест активни пожари во Македонија, еден под контрола

Стоилковски: Филипче си ја злоупотреби внуката за јавно да лаже, во Гостивар никој не лажеше

Предраг Петровиќ

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

Путин издаде наредба: „Уништете го НАТО“

Предраг Петровиќ