Продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април

Од:

Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година.
Случајот се наоѓа во завршна фаза и треба да продолжи со изнесување на завршни зборови на одбраната.

На минатото рочиште завршни зборови повеќе од три часа даваше бранителот на Митко Чавков, адвокатот Сашко Дуковски. За изнесување на завршни збориви остануваат адвокатите на останатите 16 обвинети во овој случај, по што можност да дадат завршни зборови ќе имаат и сите 17 обвинети.

Судскиот процес започна во август минатата година и го води Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Процесот започна против 33 обвинети, но согласно Законот за амнестија помилувани беа вкупно 15 лица.

Обвинителката Вилма Рускоска, во завршни зборови, рече дека на судот не треба да влијае тоа што некој се соочува со 10 години затвор, а друг за истото е амнестиран и дека треба само да влијаат фактите што ги видовме во судницата.

Би можело да ве интересира

Мајката на судијата Ѓоко Ристов тврди дека 350.000 евра се нејзини: Бостан, диња, пипер, ореви, се продавав

А1он

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов – Кривичен утре ќе одлучува за притворот

А1он

Фехми Стафа бара порано да го пуштат од затвор

Во Кривичен суд има 400 вработени помалку од предвиденото: фалат судии, поротници, административци и помошен персонал

„Работам без притисоци и привилегирање“ – Димовска за независноста по изборот за претседателка на Кривичен

Двајца осомничени признале вина за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија