Промоција на пробациската служба во Република Македонија

Од:

Управата за извршување на санкциите и германската Фондација за меѓународна правна соработка IRZ денеска организираат тркалезна маса за промоција на пробациската служба во Македонија и придобивките од заживување во пракса на системот за алтернативно санкционирање на сторителите на кривични дела на слобода (во заедницата).

Настанот се одржува во рамки на активностите на твининг проектот „Јакнење на пенитенцијарниот систем и пробациската служба “, финансиски поддржан од Делегацијата на Европска Унија во Скопје.

Најавено е обраќање на заменик министерот за правда Оливер Ристовски, директорот на Управата за извршување на санкциите, Јовица Стојановиќ и експерти од Германија во областа на правосудствотo и пробацијата.

На тркалезната маса поканети се претставници од сите релевантни институции за извршување на пробациски работи, судови, обвинителства, Академијата за обука на судии и јавни обвинители, адвокатската комора, казнено-поправните установи, претставници од Министерството за труд и социјална политика, Министерство за внатрешни работи, Министерсво за здравство, Министерството за локална самоуправа, претставици од локалната самоуправа, народниот правобранител, невладините организации, Агенцијата за вработување.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он