Француското Собрание усвои закон „против насилниците“ на протести

Од:

Француското Национално собрание со огромно мнозинство, во првото читање, го усвои контроверзниот закон „против насилниците“ на протести, јави дописникот на МИА.

Законот е усвоен со 387 гласови „за“, 92 „против“ и 74 „воздржани“.

„За“ предложениот законски текст гласаа пратеници на владејачките центристички партии – Република во движење (РЕМ) и Демократско движење (Модем), како и на опозициските конзервативни Републиканци (ЛР) и на либералната Унија на демократи и независни (УДИ), додека народните избраници од редовите од левицата беа „против“. Текстот ќе се разгледува во Сенатот во второ читање на 12 март.

Француската Влада сака брзо усвојување на законот во услови на редовните протести на „жолтите елеци”.

Вкупно 50 пратеници од редовите на РЕМ, најавија дека нема да гласаат за законскиот текст, несогласувајќи се со членот за воведување административна забрана за одржување протести. Сепак, при гласањето тие беа воздржани, што претставува рекордна воздржаност на претеници од валдејачкото мнозинство за еден текст предложен од Владата.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток