ВИДЕО: Мицкоски на средби со претставници на Европската Народна Партија

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во рамките на својата посета на Брисел оствари средба со претседателот на Европската Народна Партија, Жозеф Дол.

На средбата, како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ се дискутираше за актуелната политичка состојба, предизвиците со кој државата се соочува и взаемната соработка со Европската Народна Партија.

Мицкоски ја истакна загриженоста за состојбите со корупцијата и криминалот во државата.

„Светските организации Македонија ја препознаваат како произведувач на корупција која е заштитена од државата. Тоа го говори и последниот извештај на Транспаренси Интернешнл кој државава ја сместува на дното во Европа. Тука е и тешката економска состојба, речиси најмалиот БДП во Европа со најмалиот економско раст во Европа. Со вакви стандарди наметнати од власта европската перспектива е загрозена“, истакна Мицкоски.

Мицкоски и Дол ја истакнаа заедничката заложба за продолжување на продлабочената соработка на ВМРО-ДПМНЕ со Европската Народна Партија како и искористување на расположливите потенцијали.

„Македонија мора да оди напред, но мора и да постави принципи и вредности, враќање на довербата во системот, напуштањето на политичките притисоци, како и безусловно владеење на правото и правната држава“, истакна Мицкоски.

Тој претходно оствари средба и со Дејвид Мекалистер кој што е претседател на Европската Народна Партија и истовремено претседавач на Комитетот за надворешна политика при ЕП. Потоа со, Иво Вајгл кој што е известувач за Република Македонија во ЕП и веднаш по завршувањето на пленарната седница на политичкото Собрание реализираше средба и со, Манфред Вебер кој што е претседател на парламентарната група на Европската Народна Партија и истовремено кандидат за претседател на ЕК од редовите на Европската Народна Партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Тактиката на СДСМ е секој тендер да го прикажат за криминален, без да изведат некакви докази

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче дозволил изградба на 16 модуларни болници кои не исполнуваат минимални стандарди

Горан Наумовски

Пендаровски кој доби функција на поклон од Заев, се обидува да дели лекции за државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Месечен надомест од 12.000 денари за обуки за жени и млади до 29 години

Која гаранција ќе биде конечно доволна за Мицкоски, прашува Филипче

Филипче: Подготвени сме да разговараме за една изборна единица