Жерновски-Антоњоне: Потребна е поврзаност на регионот, интегрирање на економиите, инвестирање во интелектуален капитал

Од:

Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Андреј Жерновски, оствари средба со Генералниот Секретар на Централно Европската Иницијатива, сенаторот Роберто Антоњоне, во придружба на неговите соработници од Секретаријат на ЦЕИ во Трст. На средбата, заменикот Жерновски му упати честитки и му посака успешна работа на оваа негова нова функција, Генерален Секретар на ЦЕИ. ЗМНР Жерновски истакна дека оваа година е јубилеј од 30 години постоење на Централно-европската иницијатива (ЦЕИ) и претставува прв и најстар регионален форум. Од самиот свој почеток, ЦЕИ се залага и промовира процеси на европска интеграција и придонесува за севкупниот напредок на своите членки.

Од страна на Жерновски беше пренесено дека Република Македонија посветува посебно внимание на регионалната соработка. Беше истакнато дека заедничката посветеност ќе придонесе кон конкретни резултати и натамошно продлабочување на регионалната соработка, економската интеграција на ЈИЕ, како и посветеност кон европските вредности. Информирајќи за внатрешно-политичката состојба во земјата, Жерновски истакна „Договорот од Преспа е пример за надминување на билатерални прашања и спорови и придонесува за регионалната соработка и стабилност. Со овој договор, се отстрануваат нашите пречки за евро-атлантските интеграции и веќе наредната недела, нашата држава станува дел од најмоќната безбедносна структура, НАТО Алијансата“.

Заемно се согласија дека е потребна поврзаност на регионот, интегрирање на економиите, поврзување на луѓе и споделување на вредности, инвестирање во човечки ресурси и интелектуален капитал, што е заеднички политички, безбедносен и економски интерес.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија