Промовирани новите униформи и нова опрема на Противпожарната едница во Крива Паланка

Од:

Денес во општина Крива Паланка со смотра на Територијалната противпожарната единицата беше извршена промоција на новонабавените униформи и дел од новата опрема.

Новата опрема и новите униформи се обезбедени од страна на општина Крива Паланка, а согласно новиот правилник за работа на ТП единицата. Вкупната вредност на опремата е со 350 000 денари и претставува прва ваква набавка на опрема од превземањето на единицата од страна на МВР.

На смотрата на ТП Крива Паланка, присувствуваше градоначалникот Борјанчо Мицевски со претставници на локалната самоуправа.

Градоначалникот Мицевски во оваа пригода се осврна на успесите на Тероторијалната противпожарна единица и нагласи дека Општината континуирано и максимално посветено ќе соработува со ТП единицата.

– Се надевам дека неодамнешното кадровско зајакнување на ТП Крива Паланка, отпочнувањето на нивна стручна обука во тековниот месец, како и набавката на новите униформи и опрема, ќе го зголеми нивото на професионалност и ефикасност на припадниците на единицата, нивната мобилност и браза интевенција во случаи на загрозеност и заштита на граѓаните и нивните имоти од пожари, експлозии и други несакани елементарни непогоди, изјави градоначалникот Мицевски.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот