ВИДЕО: Силјановска, Ѓорчев и Димовски меѓу кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за претседател

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на пријавените кандидати за претседател на државата. До партијата стигнале 10 пријави, а една била отфрлена затоа што била поднесена по истекување на рокот.

За кандидати за претседател се пријавиле Никита Шектуковски, доктор по математички науки и професор на ПМФ, Ѓорги Манасков -машински инижинер, Васко Костов – фармацевтски техничар, Влатко Ѓорчев – пратеник и член на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давчева – професор на Правен факултет, Филип Петровски, Илија Димовски – професор во пензија на Шумарски факултет, Горан Ангелов – пратеник и ексградоначалник на Виница, Сашо Кутлешоски -доктор по земјоделски науки.

Пријавените кандидати од 6 до 16 февруари ќе направат презентација на нивната програма во општинските комитети.

„Ние ќе го поддржиме кандидатот кој ќе победи на конвенцијата. Повикуваме да ги освојат срцата на сите граѓани. Тој што ќе победи треба да не сплоти”, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски за информацијата дека се фаворизира Силјановска.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче