Новиот Audi Q3 ја доби наградата „Best Cars 2019“

Од:

Компактниот SUV победи помеѓу 56 конкуренти во својата категорија

Новиот Audi Q3 се етаблира како победник веднаш откако се појави на пазарите, oсвојувајќи ја првата награда во категоријата „Компактни SUV / off-road“ возила во изборот на читателите на „Best Cars 2019“ од германскиот технички магазин „auto motor und sport“.

„Оваа награда е важна за нас, бидејќи потврдува колку добро концептот на новиот Audi Q3 го примаат клиентите“, вели Јенс Рикерт, Продукт Менаџер на производителот, кој ја прифати наградата на церемонијата во Штутгарт: „Компактниот SUV со сигурност покажува што може да направи.

Поради своето одлично меѓуоскино растојание, сега е поголем токму каде што семејствата имаат потреба од простор.

Покрај тоа, сега е уште повеќе разновиден. Неговиот дигитален, интуитивен концепт на работа со инфо-забавниот систем преку дисплејот, како и неговите иновативни системи за помош, доведуваат до целосна доминација во компактниот сегмент, со што Audi Q3 претставува совршено возило за сите возачи.

Изборот на читателите за „Best Cars 2019“ од „auto motor und sport“ е едно од најважните признанија за европската автомобилска индустрија. Се одржаува веќе по 43-та година по ред. 385 модели се натпреваруваа во единаесет категории.

Секој читател има право на два гласа за секоја категорија: Еден за својот омилен кандидат, нивниот севкупен победник, а другиот за најдобро увезено возило. Audi Q3 се натпреваруваше против 56 конкуренти во категоријата “компактни SUV / off-road возила” и победи со 14,4 проценти од гласовите.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска