А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Мицкоски ја продолжува посетата на Брисел на политичкото Собрание на Европската Народна Партија

by А1он05/02/2019 - 10:2805/02/2019 - 10:2995
Share0

Освен на политичкото Собрание на маргините на настанот, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се очекува да оствари повеќе средби со европратеници меѓу кој со германскиот европратеник, потпретседател на Европската Народна Партија и претседавач со Комитетот за меѓународни односи при ЕП, Дејвид Мекалистер и известувачот од ЕП за Македонија, Иво Вајгл, Европратеникот Андреј Ковачев како и со претседателот на европската народна партија, Жозев Дол. Предмет на интерес ќе бидат актуелните случувања во Република Македонија.

Добивај вести на вибер

Во текот на вчерашниот ден делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ која ја предводи Мицкоски, а во чиј состав се потпретседателот Николоски и меѓународниот секретар Муцунски оствари средба со пратениците Кукан, Звер, Дара Мурфи, Потпретседател на Европската Народна Партија и директор на кампањата за следните избори како и останати претставници на Европската Народна Партија.

По средбите Мицкоски посочи дека владеењето на правото и правната држава се загрозени во Македонија.

Ги запознав моите соговорници за нашите стравувања дека Зоран Заев бегајќи од предвремени избори сака да ги украде претседателските избори, односно истовремено сето она кое што се случуваше изминатиот период да биде определен вид доказ за неговите намери да ги украде претседателските избори. Организирањето на фер избори мора да стане услов за напредок на европските интеграции, истакна Мицкоски.

Вчера Мицкоски имаше и средба со „Copa & Cogeca“ најголемата лоби организација и формално признаен претставник на агро прехранбениот сектор во ЕУ. На средбата се разговараше за политики во земјоделието кои би можеле да се пресликаат во Македонија, а се резултат на искуствата во земјите од ЕУ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

Катерина Ѓуровски26/04/2026 - 15:45

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Катерина Ѓуровски14/04/2026 - 11:10

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто