Хрватска го призна Гуаидо за претседател на Венецуела

Од:

Хрватското Министерство за надворешни и европски прашања синоќа објави дека Хрватска „им се приклучува на другите членки на ЕУ“ и го признава лидерот на венецуелската опозиција и претседател на Националното собрание на таа земја како привремен претседател на Венецуела.

Во соопштението објавено на официјалната интернет страница, хрватското Министерство „го осудува кршењето на човековите права и насилството во Венецуела“, со оценка дека „е потребно мирно решение и одржување слободни и демократски претседателски избори“.

-Хрватска ги поддржува демократски избраните легитимни тела на Венецуела, Националното собрание и нејзиниот претседател, согласно Уставот во својство на привремен претседател да спроведе слободни, фер и демократски претседателски избори и да гарантира легитимитет на институциите. Во врска со ова, Хрватска во заедничка изјава се приклучи кон другите земји-членки на ЕУ, се вели во соопштението на хрватското МНР.

Во продолжение на текстот, во соопштението на хрватското Министерство, напишано на англиски јазик, за признавањето на Гуаидо како привремен претседател на Венецуела, покрај Хрватска, стојат уште 18 членки на ЕУ: Шпанија, Португалија, Германија, Велика Британија, Данска, Холандија, Франција, Унгарија, Австрија, Финска, Белгија, Луксембург, Чешка, Латвија, Литванија, Естонија, Полска и Шведска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски