Музејот на историја и уметност во Женева соопшти дека Фејсбук забранил фотографии на делумно разголени статуи на Венера и акт на маж на колена кои тие имале намера да ги објават на својата страница.
Музејот впрочем и на својата Твитер страница објави дека изложбата „Цезар и Рона” ќе биде отворена в петок и ќе трае три месеци приложувајќи ги споменатите фотографии. Но, тука се нагласува и дека „Фејсбук во тоа ги спречил, поради голотијата на сликите”.
3а секој случај, и сликите на Твитер се цензурирани со натпис-ленти.