Кал и вода на Илинденска, жителите на Карпош останаа без вода

Од:

Булварот „Илинден“ вечерва беше поплавен откако пукна водоводна цевка, а реките вода се излеваа покрај „Про Кредит“ банка па се до трговскиот центар „Сити мол“. Излевањето на водата најпрво направи хаос во сообраќајот, а откако екипи на „Водовод и канализација“ го исклучија притисокот, водата се повлече, по што на асфалтот остана кал и тиња.

На самото место се присутни неколку екипи од ЈП „Водовод и канализација“ како и полициски возила кои го стопираа сообраќајот. Според првичните информации, поплавувањето на булеварот е предизвикано поради пукање на цевка од водоводната мрежа во должина од шест метри. Упатените информираат дека до вакви дефекти доаѓа поради нагла промена на временските прилики, односно од многу ниски на високи температури и обратно.

„А1он“ дознава дека вонредно се повикани повеќе екипи за да ја санираат штетата, кои ќе работат во текот на целата вечер. Водата засега е стопирана, а до утре се очекува да биде саниран и дефектот на цевката.

Иако во меѓувреме водата е повлечена од булеварот, големите вирови и наноси од кал сведочат за дефектот кој предизвика застој во сообраќајот во овој дел од главниот град.

 

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски