ВИДЕО: Делегација на ВМРО-ДПМНЕ дел од политичкото собрание организирано од Европската Народната партија

Од:

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски придружуван од потпретседателот, Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка, Тимчо Муцунски денеска и утре се дел од политичкото собрание организирано од Европската Народната партија во Брисел во рамките на Европскиот парламент.

Мицкоски на маргините на политичкото собрание оствари повеќе разговори и билатерални средби меѓу кој и со европратениците, Едвард Кукан и Милан Звер.

„Имав можност да ги запознаам моите соговорници за сите оние неуспеси во Република Македонија, за вистинската реалност и секојдневие во Република Македонија, во економијата, во образованието, за сите оние криминалии во здравството за сите оние криминални иновации кои што ни беа секојдневие во изминатиот период. Но, она што најмногу ги загрижи моите соговорници, мене но и сите граѓани во Република Македонија е практично е што Република Македонија повеќе не е правна држава и Република Македонија не е држава во која што владее правото. Практично, се тргува со правото и правдината за реализирање на политички амбиции“, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека има основани сомневања дека ваквото владеење на власта може да резултира со нерегуларности и фалсификување на претстојните избори.

Би можело да ве интересира

До крајот на месецов ќе почнат разговорите за реконструкцијата на Владата

Помислив дека е нешто од рубриката „верувале или не“, вели премиерот за антикорупцискиот закон на СДСМ

ВИДЕО: Немам намера да поддржам авантура без извесен крај, Мицкоски пред средбата со Кошта

Катерина Ѓуровски

Антонио Кошта денеска во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски

Мицкоски: Предизвиците во енергетската криза да ги претвориме во наша можност

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски нема капацитет да води држава

Катерина Ѓуровски