(ВИДЕО) Китев: Државата ќе ги исплати долговите кон лозарите

Од:

„Со задоволство сме овде да споделиме со вас, лозарите, уште една добра вест – владата предводена од СДСМ изнајде решение на уште еден наследен долгогодишен проблем.

Државата ќе ги исплати долговите на приватните винарници кон лозарите кои со години не можеа да го наплатат предадениот род од 2014-2016 година.

Со решението, државата обезбедува над 1.5 милиони евра кои ќе завршат директно кај лозарите во Тиквешкиот регион“, рече Бетиане Китев, пратеник од СДСМ и коалицијата.

„Преку измени на Законот за земјоделство и рурален развој, кои треба да се најдат пред пратениците во Собранието, ќе се постави правен основ државата да ги преземе неподмирените обврски на винарниците кон лозарите.

Ова се однесува на лозарите кои во периодот 2014-2016 година го предале грозјето во винарници кои биле регистрирани во регистарот на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, а не добиле пари за предаденото грозје.

Веднаш потоа државата го презема долгот кон лозарите за предадено грозје во конкретниот период, за да бидат исплатени во најкус рок. Државата потоа ќе ги побарува овие средства од винарниците што ги направиле.

СДСМ продолжува да ги решава наследените проблеми. Обештетувањето на лозарите е пример за вистинска грижа кон земјоделците, кон граѓаните кои работат напорно и чесно заработуваат.

Ги повикувам сите пратеници да го поддржат ова решение за што побрзо лозарите да ги добијат парите кои што им припаѓаат“, изјави Бетиане Китев, пратеник од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра