СДСМ: Државата ќе ги исплати долговите на приватните винарници кон лозарите

Од:

„Владата предводена од СДСМ изнајде решение, државата ќе ги исплати долговите на приватните винарници кон лозарите кои со години не можеа да го наплатат предадениот род од 2014-2016 година.

Со ова решение, над 1.5 милиони евра ќе завршат директно кај лозарите во Тиквешкиот регион.

Со предлог измени на Законот за земјоделство и рурален развој кои треба да се најдат во Собранието, ќе се постави правен основ државата да ги преземе неподмирените обврски кон лозарите кои во периодот 2014-2016 година го предале грозјето во винарници кои биле регистрирани во регистарот на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, а не добиле пари за предаденото грозје.

Веднаш потоа државата ќе го преземе долгот кон лозарите кои побаруваат пари за предадено грозје во конкретниот период, за да бидат исплатени во најкус рок.

Продолжува вистинската грижа кон лозарите, кон земјоделците. Се решава уште еден наследен проблем од власта на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра