(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: За еден месец, 20 разбојништва во Скопје, полицијата ја нема никаде

Од:

„Во Скопје владее хаос и криминал. Само за еден месец во главниот град се пријавени 20 разбојништва. Нема ден, а да не се вади оружје. Мета се бензински пумпи, обложувалници и пошти. Прашање на време е кога ќе падне и првата жртва бидејќи Оливер Спасовски и неговите функционери се незаинтересирани да постапуваат или пак се во коалиција со криминалот.

Оливер Спасовски го интересираат само личните амбиции и кариера. Наместо да се грижи за безбедноста на граѓаните и јавниот ред и мир, тој турка кампања за претседател и не презема ништо за намалување на криминалот во нашата земја“, рече Орце Ѓорѓиевски – Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„На први јануари се евидентирани три разбојнички кражби, една кај Хотел Белви со пиштол и нож и две во село Арачиново, со закана и употреба на физичка сила. Само два дена подоцна на трети јануари евидентирани се две разбојнички кражби од кои едната на ул. Исаија Мажовски, со остар предмет и една кај Поликлиниката во Чаир, со закана и со употреба на сила. Неколку дена потоа со пиштоли ограбена е бензинската на Окта на автопатот Тетово – Скопје.

На 8 јануари со физичка сила и со употреба на нож е ограбена куќа во Сопиште. Неколку дена подоцна на 12 јануари со пиштоли ограбени се два објекти на улиците Јужно Моравска Бригада, каде е ограбена кладилница и објект на Климент Охридски.

Со употреба на пиштоли се направени и две разбојнички кражби на 21 јануари на ул. Волт Дизни и ул. Климент Охридски. Два дена потоа е ограбена кладилница на ул. Благоја Стефковски и казино во Бутел.

При крајот на месецот на 27 јануари на ул. Маџари е ограбена обложувалница и бензинска пумпа на Макпетрол, додека на 30 јануари ограбени се обложувалница на Спорт лајф на Партизанска, КАМ маркет на ул. Ѓорче Петров, Стокомак во Козле и двајца луѓе се повредени еден во Шуто Оризари и еден во Волково.

Заедничко за сите овие криминали е тоа што ништо не се расчистува. Процентот на реализација на актуелното раководство на МВР е понизок од кога било во минатото. Затоа МВР крие колку дела се пријавени во Скопје, а колку од криминалите се расчистени.

Да почитувани, нема место во Скопје, нема ден, кога не е извршено разбојништво. Градот ни е претворен во крвава арена.

Криминалците владеат со улиците, а полицијата никаде ја нема да ги заштити нашите граѓани.

Оваа власт ја наруши безбедноста и не е способна да го гарантира мирот на граѓаните. Оваа власт мора час поскоро да си замине“, изјави Орце Ѓорѓиевски – Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

МВР: Криминална група лажираше надоместоци при регистрација на возила и переше милиони преку осигурителна компанија

Горан Наумовски

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он