Повеќе од 50 кандидати во трката за претседател на Украина

Од:

Повеќе од 50 лица досега пријавиле кандидатура за претседателските избори во Украина и поднеле документација во Централната изборна комисија, соопшти денеска комисијата.

Од 56 пристигнати кандидатури за претседател, Централната изборна комисија одби 12, се вели во соопштението.

Меѓу оние, чии кандидатури се прифатени се актерот Владимир Зеленски, поранешната премиерка Јулија Тимошенко, поранешниот министер за одбрана и лидер на Граѓанската иницијатива Антолиј Гриченко и Јуди Бојко од опозицискиот блок – За живот.

Изборите за претседател на Украина се закажани за 31 март 2019 година.

Во текот на оваа кампања, за претседател се кандидираа рекорден број луѓе. На изборите во 2014 година имаше 23 кандидати, додека во 2010 година 18 кандидати за претседател.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украина: Убивме тројца руски генерали со ХИМАРС

Зеленски: Повеќе од 3.000 севернокорејски војници се убиени или ранети во борбите за Курск

Украинците за првпат заробија севернокорејски војник

Горан Наумовски

Најмалку осум лица се ранети во руски напад во украинскиот град Никопољ

Путин: Нема време да се потпише нов договор за транзит на гас со Украина

Путин: Ќе нападнеме повторно, но не брзаме

Горан Наумовски