Почетино за првпат јавно изрази разочарување од трансфер политиката на Тотенхем

Од:

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино за првпат јавно ги призна недоразбирањата со претседателот на клубот Даниел Леви и разочарувањето од трансферната политика на клубот.

„Петлите“ станаа првиот тим во Премиер лигата, кој не се засилува во два последователни трансфер прозорци. Аргентинецот е сметан за главен фаворит за следен менаџер на Манчестер Јунајтед по разрешувањето на Жозе Мурињо, но до овој момент тој категорично одбива да зборува на оваа тема.

Кратката резервна клупа и низата повреди на главните играчи во тимот го ставија Тотенхем во тешка позиција во последните неколку недели, кога во амбулантата влегоа Хари Кејн и Деле Али, а Сон Хјун-Мин беше заедно со репрезентацијата на Јужна Кореја на Купот на Азија.

– Секако дека сум среќен што можам да помогнам во проектот, но не секогаш моите идеи се совпаѓаат со оние на клубот, сопственикот или луѓето во клубот како целина. Сакав да се засилиме, како што сакав во претходниот трансфер прозорец, но не успеавме да земеме некој од разни причини, па ќе мора да се справам со тензиите. Се разбира дека сум разочаран што не успеавме затоа што сме во добра позиција и малку помош би била добредојдена. Но ние ќе продолжиме да се бориме, рече Почетино.

Тотенхем е на третото место во Премиер Лигата со 54 поени по 24 круга и утре во 13:30 часот излегува на „Вембли“ против Њукасл.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Тотенхем го победија Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“

Горан Наумовски

Сон Хјун Мин: Мора да се намали бројот на натпревари, фудбалерите не се роботи

Горан Наумовски

Играчот кој ги одби милионите на Барса сега е во 5-та лига: Верата ми даде поинаква перспектива на животот

Предраг Петровиќ

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Хери Кејн не е задоволен: Топ 4 пласман не е доволен!