СДСМ: Полицијата работи професионално, стапката на криминал се намалува

Од:

„Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лаги во обид да создаде неоснована паника меѓу граѓаните.

Коалицирањето со криминалот, партизацијата на полицијата, неказнивоста и селективност беа одлика на ВМРО-ДПМНЕ и тоа заврши со нивното заминување во опозиција.

По започнатиот процес на реформи полицијата се професионализира и работи независно, одговорно и неселективно во заштита на законите.

Стапката на криминал се намалува, неселективно се постапува по секое прекршување на законите. Таков е и последниот случај за кој денеска лажно обвинува ВМРО-ДПМНЕ, каде што виновниците се лоцирани и против седум лица се поднесени соодветни пријави.

Залудни се лагите на ВМРО-ДПМНЕ Министерството за внатрешни работи постапува професионално, ефикасно и независно, а тоа го потврдува и анкетата на ОБСЕ според кое 75 отсто од граѓаните се чувствуваат безбедни“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он