Едeн тинејџер загина денеска во жестоки судири меѓу демонстранти и полицијата во шиитско село во Бахреин, каде опозицијата ја одбележува втората годишнина од бунтот во земјата.
Судирите избувнаа рано изутринава во некои реони со мнозинство шиитско население.
Опозициски групи упатија повик за национален штрајк на годишнината од бунтот.
Шиитите сочинуваат меѓу 66 и 70 проценти од населението во Бахреин, додека кралското семејство и владејачката елита се сунити.