САД не ја прифатија посредничката понудата на Мексико, Уругвај и Ватикан

Од:

САД ја одбија понудата на Мексико, Уругвај и Ватикан да посредуваат во дијалогот помеѓу претседателот на Венецуела, Николас Мадуро и лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател.

– Ги отфрламе сите разговори кои би му овозможиле на Мадуро да остане на власт, изјави неименуван американски претставник.

Тој го повтори ставот на САД дека Мадуро повеќе не е претседател на Венецуела.
Мексико и Уругвај најавија одржување на меѓународна конференција на 7 февруари во Монтевидео, на која ќе присуствуваат претставници од држави и меѓународни тела со „неутрален став“ кон Венецуела.

– Владите на Уругвај и на Мексико во согласност со својот неутрален став кон Венецуела организраат меѓународна конференција со претставници на земји и на меѓународни организации кои делат таков став, се наведува во соопштението издадено од уругвајската Влада.

Уругвај и Мексико не го признаваат опозиционерот Хуан Гуаидо, претседателот на Парламентот, кој се прогласи за привремен претседател на Венецуела.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак