Прометот во трговијата на мало со храна, пијалоци и тутун во декември 2018 во однос на декември 2017 година бележи номинален раст за 13,2 отсто, а реален за 9,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Прометот на трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво има номинално раст од 8,6 отсто, а реално за пет отсто, кај трговијата на мало, освен трговија со гориво номинално за 10,8 отсто, а реално за 8,1 отсто и трговијата на мало со автомобилски горива има номинално раст за 4,8 отсто, за 5,8 отсто.