Движењето “Еко-герила” и движењето “Мајка и дете” реагираат во врска со енормното и алармантното загадување на воздухот во последните 3-4 дена во Тетово, каде нивото на честички PM10 надминало скоро 4 пати над дозволената граница, со надминување од 195 µг/m3.
„Се чини дека општина Тетово нема никаква идеја како да се намали нивото на загадување! Во текот на овој период општина Тетово можеше да ангажира надворешни експерти за проценка, идентификување и констатирање дека покрај Југохром како најголем загадувач, кои се другите фактори и извори на загадување на воздухот и кои мерки треба да се преземат. Наместо да трошат пари за нови работни места, дури и со најоптоварената администрација во Македонија, за семинари, патувања, концерти, нетранспарентна финансиска помош, финансиите можеа да помогнат да се реши овој проблем со кој се соочува овој град“ се наведува во реакцијата.
Оттаму велат дека улиците во Тетово никогаш не биле повеќе неисчистени од снег. Покрај главните улици, другите улици во градот не се недопрени, а како што додаваат, како резултат на тоа има над 150 случаи на телесни повреди пријавени во ургентиот центар.
„Ако не можете да се справите со овие проблеми, тогаш поднесете оставка. Иако побаравме транспарентност во финансиските извештаи за работата на општината, градоначанкичката Арифи не упати да ја посетиме веб-страницата на Министерството за финансии. Бараме општината и градоначанкичката Арифи директно да комуницираат и да поднесуваат извештаи до граѓаните, без да ги збунуваат граѓаните во лавиринтите на министерствата. Последните неколку дена се збори за големи финансиски злоупотреби и нетранспарентност. Затоа, за да се избегнат можни погрешни толкувања, во корист на граѓаните и самата општина, бараме независна ревизија детално да ја согледа вистинската состојба, при што граѓаните на Тетово ќе бидат отворено информирани колкав е долгот на општината, на кого должи, зошто се должи и во кое време е направено“ стои во реакцијата.