ВИДЕО: Посетата на Меј на Брисел Би-Би-Си ја проследи со бомбардери од Втората светска војна

Од:

За време на емитувањето на вестите на Би-Би-Си во 18 часот се случи грешка, која некои ја сметаат и за намерна, бидејќи информацијата за плановите на британската премиерка Тереза Меј за посета на Брисел беше проследена со слики од бомбардери од Втората светска војна.

Презентерката на вестите прочита дека британската премиерка Тереза Меј има намера да замине во Брисел за повторно да разговара за договорот за Брегзит, додека лидерите на ЕУ и порачуваат дека нема да има нови преговори.

Во тој момент, требало да се емитува фотографија од британската премиерка, но наместо тоа во етер беше пуштена црно-бела снимка од британски бомбардери од Втората светска војна.

Со оглед на фактот дека излезот на Велика Британија од ЕУ е едно од најважните прашања, како и поради тоа што се уште нема ниту политичка, ниту каква било друга согласност околу решението за тоа прашање, на социјалните мрежи веднаш се појавија шеги на сметка на оваа грешка.

Уредништото на Би-Би-Си веднаш им се извини на гледачите и појасни дека станува збор за човечка грешка, како и тоа дека црно-белата снимка требало да се емитува по веста за Брегзит, како најава за следна вест.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП

ВИДЕО: Британскиот тајкун исчезна, ден претходно беше убиен неговиот деловен партнер

Катерина Ѓуровски