Неформален министерски состанок ЕУ-Западен Балкан-Турција

Од:

Министрите за надворешни работи на членките на ЕУ, земјите од Западен Балкан и Турција утре ќе одржат неформален состанок во Букурешт.

Домаќин на средбата ќе биде шефот на романската дипломатија Теодор Малешкану, чија земја е актуелен претседавач со Унијата, а со собирот ќе претседава високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Романија при преземањето на претседавањето со Европскиот совет на почетокот на годината, најави дека нејзини приоритети во овие шест месеци ќе бидат зголемување на кохезијата меѓу земјите членки на блокот, зачувување на безбедноста, јакнење на улогата на Унијата како глобален лидер и проширувањето на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“