Американскиот претседател Доналд Трамп денеска телефонски разговараше со лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гуаидо, уверувајќи го дека Вашингтон ја поддржува неговата претензија за функцијата шеф на државата, соопшти Белата куќа.
– Претседателот Доналд Трамп денеска зборуваше со времениот претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо, поздравувајќи го историското преземање на претседателството и беше изразена силната поддршка на претседателот Трамп кон венецуелската борба за демократија, се наведува во соопштението.
Вашингтон го поддржува Гуаидо како времен претседател на Венецуела, но уставниот шеф на државата Николас Мадуро, кој се уште ги контролира сите државни институции, вклучувајќи ја и војската и полицијата, тврди дека Гуаидо е дел од обид за преврат, диригиран од САД.
Врховниот суд на Венецуела му забрани на опозицискиот лидер да ја напушта земјата.