(ВИДЕО) Костадинов: Едвај 20 пратеници гласаа за интерпелацијата на Димитров

Од:

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов во Собранието изјави дека едвај 20 пратеници гласале за интерпелацијата на министерот за надворешни работи, Никола Димитров што, како што рече, покажува дека антизападните елементи предводени од Христијан Мицкоски се сè послаби.

„Дебаклот на Христијан Мицкоски е јасен, само една шестина од пратениците, од вкупно 120 пратеници, само 20 од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржаа интерпелацијата. Се изгуби цел еден ден за пратениците да расправаат за антизападните желби на Мицкоски, наместо да се посветат на реформите што се во интерес на државата и граѓаните. Ова е уште еден доказ, единствена цел на Мицкоски е да ја распушти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.“, рече Костадинов.

Според Костадинов, Мицкоски не се однесува одговорно и е посветен само на својот интерес, што е јасно за сите пратеници. Портпаролот на СДСМ, му порача на Мицкоски да биде подготвен за пораз на претседателските и било кои избори.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари

СДСМ утре ќе го бира новото раководство

СДСМ: ЗНАМ го прослави предавството на Македонија за пари

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски

СДСМ: Власта ќе носи мигранти за пари од Британија, а ќе ги викаат „економски работници“

Горан Наумовски

Мицкоски: Не постои закана од мигрантски кампови, опозицијата ја дезинформира јавноста