Јапонската компанија „Сони“ го претстави новиот лаптоп Ваио од серијата Е11, кој се одликува со препознатлив дизајн со заоблени агли и екран со дијагонала од 11 инчи.
Овој лаптоп поседува АМД Дуал-Кор процесор и има голем број мултимедијални можности, со батерија која трае и до шест часа.
ИксЛауд (xLOUD) и Клир Фејз (Clear Phase) технологиите овозможуваат совршен и природен звук без дисторзија, така што корисникот целосно ќе ужива во омилените филмови и видео игри.
Компјутерот Ваио од серијата Е11 има ХД веб камераа со Ексмор фор ПС (Exmor for PC) технологија, која овозможува поостра слика при видео повик, а управувањето со документите и фајловите е олеснето благодарејќи на големата тачпед површина чувствителна на допир.
Опцијата рапид вејк овозможува лаптопот да биде подготвен за работа за само неколку мунити.