(ВИДЕО) Ѓорчев: Не ги фрлајте таблите со Република Македонија, ќе ни требаат

Од:

Кандидатот за претседател на РМ, Влатко Ѓорчев во парламентот се обрати до актуелното мнозинство и министрите од владата на СДСМ велејќи им кога ќе ги извадат таблите од македонските институции на кои пишува Република Македонија, да не ги фрлаат туку да му ги дадат нему бидејќи за неколку години повторно ќе бидат поставени.

Македонија!

Кога ќе ги вадите таблите со "Република Македонија", НЕ ги фрлајте. Дајте ни ги нас, ќе ги чуваме во нашите домови. Еден ден можеби повторно ќе ни требаат. Секогаш ќе навиваме и скандираме:Македонија! ??Македонија! ??Македонија! ??

Posted by Владимир Ѓорчев (Влатко Ѓорчев) on Вторник, 29 јануари 2019

-Почитувани колеги пратеници од СДСМ и министри од Владата на СДСМ, би сакал да ве замолам кога ќе ги вадите таблите на кои пишува Собрание на Република Македонија да не ги фрлате. Дадете ни ги нас, ќе ги чуваме на нашите покриви или подруми. Исто така и таблите на кои пишува касарна на АРМ, МВР на Република Македонија, каде што ги пишува имињата на нашите театри, училишта, институции и сите табли на кои стои името Република Македонија дајте ни ги ќе ги чуваме. Можеби за пет, десет, петнаесет години ќе дојде време кога ние или нашите потомци ќе треба да ја дувнеме прашината од тие табли и можеби повторно ќе ја видат светлината на денот.

Колку повеќе ни го одрекуваат името Република Македонија, толку повеќе го сакаме, ќе изгрее ново сонце на слободата. Ќе дојде денот, а ние сме тоа што сме. Кога ќе одиме на фудбалски кошаркаски, атлетски, ракометни натпревари, нашиот народ ќе скандира Македонија. Ќе ги учиме нашите деца и внуци да бидат приврзани кон ова има бидејќи тоа е она што сме ние, рече Ѓорчев.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ побара одговорност од премиерот Заев и Владата кои според него ги уништиле позициите на Македонија за името кои биле градени со векови.

-Криво ми е што ни ги срушија македонските позиции. Јасно е дека треба да има компромис, договор и преговори, но со оваа политика на неразбрани трговци се влошија, уништија македонските позиции кои беа градени со векови и децении. Тоа е историска одговорност на Владата на РМ и Зоран Заев, но ќе дојде денот и ќе продолжиме да викаме Македонија, Македонија, рече Ѓорчев.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски