Поради загаден воздух затворени стотици училишта во Бангкок

Од:

Вкупно 437 училишта во Бангкок денеска се затворени поради загадениот воздух кој го зафати градот од крајот на минатата година.

– За да се спречат сериозни здравствени проблеми кај децата на училишна возраст, засега најдобро за нив е да не доаѓаат на училиште, изјави заменик-гувернерот на Бангкок Кријањос Судлапа.

Властите во Бангкок се обидуваат да го решат проблемот, во чии рамки утре се планира да се употребат околу 50 дронови со кои ќе се прска сок од шеќерна трска, кој се користи за уништување на честички од прав.

Последниов месец, Индексот за квалитет на воздухот во Бангкок (AQI) често надминува 150 поени, што значи дека е на „нездраво“ ниво. Индексот AQI денеска изнесува 183.

Многу жители на Бангкок и денеска носат специјални маски за лице за филтрирање на честичките PM 2,5 – честички помали од 2,5 микрограми, кои можат да продрат длабоко во белите дробови и да предизвикаат смрт од срцеви заболувања, мозочен удар, рак на белите дробови, хронична болест на белите дробови и респираторни инфекции.

Локалните власти соопштија дега смогот главно е предизвикан од густиот сообраќај и градежните работи. На улиците во Бангкок моментално има околу 10 милиони возила.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач