Се урна авион во Украина, загинаа најмалку 5 навивачи на Шахтјор

Од:

Најмалку 5 лица загинале, а 10 се повредени во несреќа кога се срушил авион кој летал на релација, Одеса-Доњецк заедно со 45 навивачи и членови на екипажот.

Главна причина за несреќата според првичните информации, била густата магла поради што пилотот не можел да ја види пистата. Во обидот да маневрира, авинот ја изгубил контролата и се срушил. На самото место, веднаш пристигнале екипата на брза помош, и противпожарна екипа која ги извлекле заробените патници од авионот.

„Остана уште едно лице заробено, но незнаеме дали е сеуште живо. И понатаму се обидуваме да го извлечеме“- изјавил Андреј Шушатски шеф на регионалната администрација на Доњецк. Украинските медиуми јавуваат дека станува збор за стјуардеса, која за време на падот се заглавила во задниот дел на авионот.

Поради оваа несреќа натпреварот помеѓу Шахтјор и Дортмунд започна со едноминутно молчење во чест на загинатите жртви од Одеса.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовен напад со дронови врз Русија: Гори магацин за оружје, во тек е евакуација

Горан Наумовски

Во Харков е прогласена тревога за воздух, се слушаат експлозии

Целите се означени: Украина е подготвена да нападне

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Русија ги нападна Киев и другите украински градови со беспилотни летала

Русија е против идејата на Ердоган кој вели Крим да е под контрола на Украина

Горан Наумовски