Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Димитров

Од:

Собранието на Република Македонија вечерва со 59 гласа „против“ и 20 гласа „за“ не ја прифати поднесената интерпелација од опозицијата за министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Опозицијата го обвини Димитров дека ја извршува функцијата несовесно, нестручно и спротивно на македонските интереси и оти со потпишаните договори со Бугарија и Грција се загрозуваат македонските интереси.

Во завршното обраќање министерот Димитров ги повика пратениците заеднички да се фокусираат на приоритетите и да разговараат за работи што се вредни за расправање.

– Ние конечно се исправаме на нозе. Порано или подоцна со мудра политика, помалку навреди и повеќе заедништво, мислам дека ќе светлината ќе ја победи темнината. Да се расправаме за работи што се очигледно вредни за расправање – од даночна политика, состојбите во економијата….. Дајте заедно да си се фокусираме, да си имаме приоритети и да не биде прашање на живот или смрт кој ќе победи, а кој нема да биде на власт. Мислам дека сега е времето тој чекор да го направиме, им порача Димитров на пратениците во Собранието.

Собранието по останатите точки од дневен ред на оваа седница ќе продолжи утре во 11 часот.

Би можело да ве интересира

Попов: Младинската невработеност, е една од главните причини поради кои младите ја напуштаат државата и подоцна формираат семејства

Горан Наумовски

Власта е спремна да го прифати барањето за седница на Постојаната анкетна комисија

Пратенички прашања во законодавниот дом

(ВИДЕО) Пратениците од опозицијата ја пробија оградата пред Парламентот на Србија

Горан Наумовски

Петти ден амандманска расправа по Предлог буџетот за 2026 година

Почнува комисиската амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година