Избрана Комисијата која ќе ги селектира новите антикорупционери

Од:

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ги избра членовите на Комисијата за селекција на кандидати за претседател и за членови на Државната комисија за спречување на корупција.

Комисијата избра седум членови од кои четворица се од редовите од пратениците, односно по двајца од власта и опозицијата. Избрани се Драги Целевски номиниран од Народниот правобранител, Сабина Факиќ и Бесим Небиу како претставници на здруженијата односно фондации назначени за членови во Советот за соработка помеѓу владата и граѓанскиот сектор. Од редовите на пратениците членови ќе бидат Мухамед Зекири од СДСМ, Атран Груби од ДУИ, Зоран Илијоски од ВМРО-ДПМНЕ и Владанка Авировиќ од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Членовите на избраната Комисија за селекција ќе вршат обработка на личните податоци, при што се должни да обезбедат тајност и заштита на обработката на личните податоци.

Огласот, што Собранието го објави на 22 јануари трае до денеска, а според претседателот на Комисија за прашања на изборите и именувањата Илија Димовски до сега стигнале околу 60 апликации за членови на атикорупциската комисија.

Роковите за избор на првиот состав на антикорупциската комисија, според новиот закон, се скратени со цел новата комисија да се формира пред да почне кампањата за претседателските избори. Интервјуата на кандидатите ќе се пренесуваат директно на МТВ, а ќе ги водат претставници од МАНУ, од Интерпарламентарната унија, здруженија на граѓани што се занимаваат со антикорупција.

Како што е наведено во огласот, се избираат претседател на комисијата и шест члена со мандат од пет години, кои нема да имаат право на повторен реизбор. При изборот, според новиот Закон за спречување на корупцијата и судир на интересите, ќе важи принципот на соодветна и правична застапеност и принципот на еднаква родова застапеност.

Би можело да ве интересира

Захарова: Европски претставници беа дел од корупциските шеми во Украина

Горан Наумовски

Почнува комисиската амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година

Немаме пари за истраги и вештачења, состојбата е алармантна, вели државниот обвинител Коцевски

Почна амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ

Русопулос: Европската единственост не е подарок од географијата, туку избор на волја