Средба Мицкоски – Даниелсон

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска заедно со потпретседателот Александар Николоски и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски, оствари средба со Директорот на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Кристијан Даниелсон, заедно со Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.

На средбата се говореше за актуелните политички случувања, стратешките приоритети на државата како и за реформските процеси клучни за остварување на стратешките цели на Република Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на своите соговорници им ги посочи слабите резултати на власта на полето на реформите кои се од суштинско значење за членството на Македонија во Европската Унија. Мицкоски напомена дека власта исклучително заостанува со реформите од областа на правосудството, справувањето со корупцијата како и заштитата на животната средина.

Тој посочи дека корупцијата и криминалот го разјадуваат општеството, а владата се става во улога на заштитник.

Мицкоски, истакна дека за Македонија членството во НАТО и во ЕУ е од стратешки и државен интерес и токму поради тоа на Македонија и е потребна Влада посветена на реформските процеси.

Соговорниците беа согласни дека Евроатланската интеграција на Македонија е клучна за стабилност и просперитет на Балканот, а поддршката на Европската Унија е клучна за остварување на стратешките цели на државата.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче