Поранешниот светски број 1, Енди Мареј претрпе операција во Лондон, соопшти 31-годишниот спортист на социјалната мрежа „Инстаграм“.
Трикратниот освојувач на Гренд-слем турнирите се бореше да ја поврати формата, откако минатиот јануари се подложи на хируршка интервенција, но отпадна уште во првиот круг на Отвореното првенство на Австралија. Во Мелбурн, Мареј низ солзи изјави дека турнирот може да биде последен во неговата кариера.
– Сега имам специјална метална плоча во себе. Се надевам дека тоа ќе биде крај на болката, напиша Енди Мареј во својот пост во „Инстаграм“ по операцијата.