СДСМ: Законот за трговија на зелените пазари е одложен, се работи на решение во интерес на земјоделците, пазарџиите и економијата

Од:

„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ на вчерашната собраниска седница го одложи Законот за трговија на зелените пазари на една година, со цел да се најде соодветно и заемно прифатливо решение.

Со одлагањето, се отвора простор за консултација и дебата помеѓу сите засеганти страни и без кој било да биде оштетен.

Неопходно е институциите, продавачите и организаторите на пазарите на заедничка маса да дискутираат со цел да се подобри организацијата на работата на пазарите и да се дојде до решение со кое ќе бидат заштитени сите засегнати страни.

Земјоделците, пензионерите и сите пазарџии да бидат спокојни, се работи за решение со кое секој ќе може достоинствено и чесно да заработи денар повеќе, но и решение кое истовремено ќе обезбеди начин за сузбивање на сивата економија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“

А1он

СДСМ: Кој ќе одговара за последниот смртен случај на Кардиохирургија?

А1он

(ВИДЕО) Зеќири: Три месеци нема биолошката терапија за онколошките пациенти

СДСМ: Повторно нема лекови на Онкологија, неспособноста на власта ги загрозува животите

СДСМ: ДПМНЕ продолжува со препакување на измислиците за Филипче

СДСМ: Власта им фрла трошки на работниците со покачување од срамни 1.800 денари