Познатиот физичар Мичио Каку предвидува како ќе се развива човештвото во наредните 50 години: Ќе станеме едно со роботите

Од:

Футуролози, обединети од платформата „Futurе Тіmеlіnе“ се обидоа да ги предвидат идните 50 години. Прогнозите на научниците веднаш го привлекоа вниманието на јавноста.

Брзиот развој на науката, технологијата и медицината ги мотивира научницните да се обидат да предвидат на каде се движи светот. Експертите се интересираат каква иднина носат новите пронајдоци и како ќе ги користиме нив во нашиот живот.

Во едно интервју, популарниот физичар Мичио Каку предивидува како ќе се развива човештово во идните 50 години:

2020 – 5г ќе стане стандард во комуникациите, а ќе се развие и холографска телевизија

2021 – Ќе биде произведен првиот вештачки бубрег

2022 – Во САД 10% од електричната енергија ќе се произведува со помош на сончевата енергија. Во Дубаи ќе започне да се користат летечки такси.

2023 – Импланти за мозокот ќе ги враќаат „изгубените спомени“. Блокчеин технологијата ќе се користи како стандард за платежните операции во цел свет.

2024 – 3Д печатачите ќе се корситат се повеќе во секојдневиот

2025 – Телевизиските сигнали ќе се пренесуваат само преку интернет. 3Д печатачите ќе започнат да произведуваат органи во лабораториски услови.

2028 – Во Велика Британија печатените весници ќе излезат целосно од употреба и ќе продолжат да постојат само на интернет.

2029 – Вештачката интелегенција ќе стане реалност. Касиери и продавачи во супермаркети ќе бидат роботи.

2030 – САД ќе започнат да го губат статусот на светска супердржава. Депресијата ќе стане најчеста болест во светот.

2031 – Поради намаленото производство, чоколадата повторно ќе стане луксуз.

2032 – Интернетот ќе биде 100 пати побрз. Ќе користиме терабитни оптички мрежи.

2033-2034 – Првата експедиција со луѓе ќе биде испратена на Фобос – една од месечините на Марс. Ќе започнат рударски активности на астероидите. На земјата ќе се носат скапоцени метали од метеорите.

2035 – Ќе се појават првите докази за постоење на вонземен живот. Русија ќе стане најголемиот производител на земјоделски култури во светот. На месечината ќе биде создадена првата база.

2036-2038 – Вештачко месо, прозиведено во лаборатории, ќе стане генерално достапно. Сонот за телепортаиција на сложени органски молекули ќе стане реалност. Обемот на глобалниот пазар на вселенската индустрија ќе достигна 1 билион долари.

2040 – Доминантен начин на комуникација ќе стане виртуелната телепатија. Производите од тутун и цигарите ќе исчезнат целосно.

2041 – Просечната температура ќе порасне за 2 степени. Ќе биде создаден компјутер кој ќе биде 50 пати побрз од современите суперкомпјутери.

2042-2049 – Населението на Земјата ќе ја помине бројката од 9 милијарди. Во САД за прв пат белците ќе бидат малцинство. Луѓето и машините ќе станат едно. Присуството на роботи во секојдневието и професионалниот живот ќе стане вообичаено

2053 – За прв пат ќе се појават „дизајнирани деца“.

2059 – Нафтената ера ќе заврши. На Марс ќе биде создадена првата човечка колонија.

2067 – Ќе бидат произведени првите вселенски апарати на гориво од антиматерија.

2068 – На Олимписките игри, рекордот на 100 метри ќе биде под 9 секунди.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска