Македонци кои живеат во Австралија се степале во црквата Св. Димитрија во Мелбурн. Тие биле навредени од тоа што пред неколку дена управата по инструкции на отец Миле Талески ги променила бравите на црквата, биле извадени камерите претходно поставени од друга управа и поставиле свои камери и свои телохранители.
Наводно, меѓу Македонците постоело незадоволство и затоа што отец Талески не можел да ја врати тапијата од црквата во банка, но и од, како што велат, дрскоста на Епархијата и нејзиниот свештеник отец Јовица Симоновски. Ова е трет конфликт помеѓу верниците и свештенството под раководството на Митрополитот Петар.
Верниците бараат Светиот архирејски синод на МПЦ-ОА да го расчисти проблемот за црквата и верниците да не трпат последици.