Собранието расправа за Предлог-одлуката за избор на претседател и членови на Советот за граѓански надзор

Од:

Собранието на Република Македонија во рамки на 81.седница ги усвои Предлог одлуката за начинот на вршење на интервју, оценување и рангирање на кандидатите за претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата поднесена од група пратеници и Предлог кодексот за изменување и дополнување на кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието, поднесен од претседателот на Собрание и група претници.

Пратениците ја почнаа расправата по Предлог-одлуката за избор на претседател и членови на Советот за граѓански надзор. За претседател на Советот се предлага Маргарита Цаца-Николовска, а за членови Ице Илијевски, Гордан Калајџиев и Филип Стојановски.

Претходно, Собранието при утврдување на дневниот ред донесе одлука Предлог-законот за дополнување на Законот за пратеници по скратена постапка да биде ставен на дневен ред, Предлог-законот за социјална заштита во прво читање да биде симнат од дневниот ред, а Предлог-законот за измени и дополнување на Законот поштенски услуги да биде ставен на дневниот ред и да биде донесен по скратена постапка…

Седницата ќе ја продолжи седницата во 15 часот по редовната пауза.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање