СДСМ: Се враќа довербата во здравството што беше нарушена поради криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференција на Ленче Николова од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ преку лажни наоди и невистини очајно се обидува да внесува неоснована паника меѓу граѓаните.

Токму погубните криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ го урнисаа здравствениот систем и ги поразија правата на пациентите.

Негрижата кон граѓаните, криминалните тендери и сомнителниот паралелен увоз на лекови придонесе да се загуби довербата на граѓаните кон здравството.

Хаосот што ВМРО ДПМНЕ го создаде во здравството донесе катастрофални последии а резултираше и со над 15 илјади невакцинирани деца да има за само 11 години.

Сега се тоа тоа се менува, со вистински политики на Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство се враќа довербата во здравството, се унапредува здравствениот систем и правата на пациентите.

Епидемијата е под контрола, се увезуваат квалитетни вакцини и лекови. За само еден месец вакцинирани се околу 4 400 деца. Подигната е свесноста на јавноста дека вакцинацијата е неопходна кога станува збор за болест како морбили.

Владата предводена од СДСМ продолжува да спроведува мерки што се во интерес на граѓаните, што го унапредуваат здравство и ги подобруваат условите за работа на медицинскиот персонал“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите